Снимка од пијан поштар од Хрватска кој се обидува да се качи на мотор, се прошири на интернет, а се огласија и од поштата.

Имено униформиран маж во видно алкохолизирана состојба, се валка по земја и се обидува да стане и да се качи на моторот.

Непознатиот маж кој го снимил видеото, се обидува да му помогне да застане на нозе, сепак поштарот не го послуша.

Снимката тука се прекинува, потоа се појавува уште едно видео на кое се гледа дека ист моторцикл гори.

Од поштата го потврдија случајот и потврдија дека се работи за истиот поштар снимен во различен временски период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.