Хрватска ја тресе скандал во кој е вплеткан политичар на ХДЗ кој ја претепал сопругата и свештеникот кој ги затекнал во неговата семејна куќа.

Јосип Варга (56), шеф на Главниот штаб за цивилна заштита на градот Оток  бил уапсен заедно со неговиот 24-годишен син за семејно насилство и закани извршени во неговата семејна куќа во Комлетинци. Тие сториле кривични дела на 27 декември минатата година, против 43-годишна жена и против 47-годишен маж.

Како што пишуваат медиумите во Хрватска, лицата споменати како жртви на семејно насилство и закани се сопругата на Варга и еден свештеник од блискиот град Слаковци, оддалечен дваесетина километри.

Варга бил еден од најблиските соработници на градоначалникот на Оток, Јосип Шариќ, член на парламентот на ХДЗ. Наместо тој да коментира што се случило во неговата куќа, тој понудил писмена оставка на позицијата началник на Главниот штаб за цивилна заштита на тој град, од 31 декември. Варга наведува дека поднесува оставка „од лични причини“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.