Хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, е позитивен на корона вирусот.
Министерот се чувствува добро, има благи симптоми на болеста и работните обврски ќе продолжи да ги извршува во самоизолација, почитувајќи ги препораките на епидемиолозите и лекарите – соопштија од ресорното Министерство.
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.543 нови случаи на корона вирус, со што вкупниот број на активни случаи се искачи на 15.678.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.