По објавувањето на пресудата за кардиналот Џорџ Пел, осуден за сексуално злоставување на два малолетни лица, жестоки реакции во католичкиот свет.
Пел (77), третиот човек во Ватикан, осуден е во декември минатата година поради сексуална злоупотреба на две 13-годишни момчиња во 90-тите години од минатиот век, но судот до денеска забрануваше да се објави пресудата.
Хрватски бискуп во пензија, извесен Јурај Језеринац, на потполно скандалозен начин ги коментира скандалите со педофилија во Црквата.
Меѓу другото, на миса што ја одржал денеска, Језеринац рекол дека од месото од абортирани деца „се прават најскапите парфеми“.
Денес ѝ се нанесува жесток удар само на Црквата, Католичката црква, само на Црквата, на дригите не. А интересно, се спомнуваат само случаи, да не зборувам за што се работи, што се случувале пред 50, 60, 70 години. Па иди ти докажи. Денес секојдневно се убиваат деца по болниците повикувајќи се на правата на жената, како децата да ги немаат истите тие права. И знаете што се прави од месото на абортираните деца? Ако не сте знаеле, најскапи парфеми, рекол хрватскиот бискуп во својата проповед објавена на РТЛ данас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.