Во сообраќајната несреќа која се случила рано утрово на автопатот кај Славонски Брод, Хрватска, загинаа најмалку 10 лица. Хрватската полиција најпрво јави дека се работи за излетан македонски автобус, а според последното нивно известување станува збор за косовски автобус кој сообраќал на релацијата Приштина-Франкфурт.

По интервенцијата, медицинските екипи потврдиле дека има загинати 10 патници, а не тројца како што беше првично јавено. Десетина лица се тешко повредени и тие се пренесени во болницата во Славонски Брод.

Увидот на местото на настанот се уште трае. Сообраќајот на автопатот А3 Бергана – Липовац е во прекин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.