Бројот на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени.
Хрватскиот портал Индекс.хр потсетува дека во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот. Во моментов регистрирани се 71 активен случај.
Министерот за здравство Вили Берош изјави дека нема тешко заболени, а дека бројот на хоспитализирани е девет лица. Нема пациенти на респиратор, а тестирани се вкуно 276 лица.
Националниот штаб за цивилна заштита денеска одржа прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на бројот на заразени лица.
Одлучено е да се забранат посетите на корисниците на старечките домови и излегување на корисниците од домовите во Загрепската жупанија, Загреб, Осјек и Сплитско-далматинската жупанија. Се укинуваат посетите на болните во Осјек, Сплит и Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.