Невиден случај на брутална повреда на 2,5-годишно девојче ја шокира Хрватска. Во средата детето било пренесено од болницата во Нова Градишка во болницата Клаиќ во Загреб. Имало контузии на мозокот, но и тешки повреди на целата глава.

Девојчето е оперирано и сега е на интензивна нега, поврзано со респиратор и е во животна опасност, обавија хрватските медиуми.

Детето сè уште е на механичка вентилација со постојано следење на виталните параметри. Приклучено е на механичка вентилација и е во кома. Следат дополнителни прегледи – соопшти директорот на болницата Горан Роиќ.

Две и полгодишното девојче му било одземено од семејството многу брзо по раѓањето и пренесено во згрижувачко семејство, но во ноември минатата година било вратено во биолошко семејство кое живее во околината на Нова Градишка.

Детето во болницата во Нова Градишка го донела мајката, која на лекарите им рекла дека паднало и се повредило.

Семејството има уште три деца. Тие биле разделени од семејството откако девојчето завршило во болница под неразјаснети околности на повредата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.