Министерство за одбрана на Хрватска соопшти дека четиринаесет хрватски војници се повлечени од Багдад, Ирак.

Во согласност со одлуката на НАТО за преместување на мисијата од Ирак во Кувајт, припадниците на хрватската армија се прераспоредени од Багдад во Кувајт и се безбедни. 14 припадници на хрватската армија се распоредени во Кувајт, а седум припадници на вториот хрватски контингент кои ја завршија мисијата ќе бидат вратени во Хрватска“ се наведува во соопштенито.

Одлуката е донесена на ниво на НАТО, заради тензичните односи по убиството на иранскиот генерал Сулејмани во Ирак минатата недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.