Во Хрватска, во последните 24 часа се потврдени 2.242 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починаа, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Претходно, директорот на Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар изјави дека во последните 24 часа во Загреб биле евидентирани рекордни 798 новозаболени лица.
Во моментов има 9.745 активни случаи на коронавирус во Хрватска, од кои 731 пациент на болничко лекување и 52 пациенти на респиратор.
Вкупно 33.959 случаи на коронавирус се регистрираниво Хрватска, а 429 лица починале.
До денеска се тестирани вкупно 437.048 примероци, од кои 8.087 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.