Откако пред една недела Хрватска ги отвори границите по карантинот во битката со коронавирусот се поголем е бројот на странски туристи кои пристигнуваат во земјата. И Словенија ги укина рестриктивните мерки за влез во Хрватска, кој има постигнато договор со уште четири земји за пристигнување на туристи од Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка. Во преговори се со Србија за отворање на границата за туристички посети и елиминирање на највениот двонеделен карантин.
Во последните денови во Хрватска дрстично е намален бројот на ново инфицирани лица со коронавирусот, па може престојот на туристите во оваа земја да биде целосно олабавен од мерките за претпазливост, иако некои како физичката дистанца на плажите ќе останат на сила. Така на 100 квадратни метри е предвидено да се сместат само 15 лица. Пешкирите нема да може да бидат послани еден до дргуг. За да се спроведува физичката дистанца на секоја плажа ќе се грижат редари.
Во хотелите ќе биде задолжителна примена на хигиенските мерки, средствата за дизинфекција ќе бидат постојан декор, а масите во рестораните ќе бидат позиционирани на поголема раздалеченост. „Шведските маси“ најверојатно ова лето нема да бидат во мода во хрватските хотели.
За да се привлечат што поголем број на туристи во Хрватска ова лето на автопатиштата ќе се наплаќаат зимските цени за патарина, кои се многу пониски од летните, а ќе биде укината и мостарината за преминување до островот Крк.
Заштитните маски и раквици ќе бидат задолжителни за вработените во хотелите. Задржувањето на рецепција ќе биде скратено, бидејќи се предвидува гостите да ги пополнуваат формуларите во своите соби.
Прописите се натокмени, но цените сеуште не се дефинирани, иако се прават пресметки и тие летово да бидата пониски од вообичаено за да се спаси туристичката сезона. Единствено Дубровник засега се одлучи да нуди добри хотели за пониски цени. Таму може да се најде преноќиште за помалку од 100 евра. Во приватните сместувачки капацитети во овој регион може да се изнајми добар апартман за околу 50 евра. Така е и во Ровињ, каде цената на апартманите во јули се движи од 50 до 70 евра, додека хотелите во оваа регија и не се така ефтини, бидејќи преноќевање се движи од 150 до 500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.