Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 1.830 нови случаи на заразени со корона вирусот, со што бројот на активни случаи во земјата се искачи на 21.457.

Меѓу нив, 2358 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 255 се на респиратор.

Во истиот период земјата бележи рекордни 74 починати лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога бил регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 128.442 лица заразени со корона вирус, од кои 1.786 починале, а вкупно 105.199 се опоравил.

Во моментов има 46.802 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.