Во Хрватска за изминатите 24 часа се регистрирани 92 новозаразени лица со што вкупниот број се зголеми на 3.953, од кои 1.204 се активни.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, тестирани се 97.424 лица, 1.804 во последните 24 часа. Нема смртни случаи за 24 часа. Денешниот број на новозаразени е речиси двојно поголем во однос на вчерашниот.
Сега мора да се носат маски во пошта, во банка и во сите други институции каде што им се обезбедуваат услуги на граѓаните, шалтерско работење, секаде каде што луѓето доаѓаат во близок контакт и каде што стојат во линија. Истото важи и за услужните дејности со контакт, фризери, козметичари … Порано беше препорака, сега е одлука“, објасни директорот на Институтот за јавно здравје на Хрватска, Крунослав Чапак, и додаде дека нема нови жаришта на вирусот, пренесува „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.