Во последните 24 часа во Хрватска починале 54 пациенти, а се регистрирани 361 нов случај на заразени со корона вирусот, со што бројот на активни случаи во Хрватска изнесува вкупно 5.899.

Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, има 2.453 пациенти на болничко лекување, од кои 196 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 213.319 заразени од кои 4.126 починале. Вкупно закрепнале 203.294 лица од кои 852 во последните 24 часа. Во моментов има 16.865 лица во самоизолација.

Тестирани се вкупно 1.035.076 лица, од кои 2.985 во последните 24 часа. Иако бројот на тестирани е мал, процентот на позитивни е охрабрувачки – трет ден по ред е низок, денеска само 12,09 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.