Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, изјави дека сега е можно да се предвиди однесувањето на вирусот во земјата и најави дека во следниот период можно е земјата да размисли за укинување или намалување на дел од рестриктивните мерки.
Според него растот на заболени во Хрватска е се уште во границите што ги одредиле и дека стратегија на земјата за справување со вирусот делува.
-Можам да кажам дека нашите податоци се многу добри и задоволителни, рече Берош и додаде дека биле загрижени за балансот на мерките што го спречуваат ширењето на вирусот и овозможувањето нормални животни активности.
Тој кажа дека во наредниот период Хрватска ја чека постепено враќање на животни токови што можат да се одвиваат непречено, за да можат и економските активности да заживеат, но и натаму да се има под контрола бројот на заболени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.