Поради присуство на етилен оксид во пијалакот во Хрватска се повлечени два пијалака од брендот „Јана“.

Хрватските медиуми информраат дека се работи за пијалакот Јана витамин хепи со портокал – Jana Vitamin narandža happy од 1,5 литар во PET амбалажа со рок на важење 13.01.2022 и Jana Vitamin narandža happy од 0,5 литри исто така во во пластично шише со рок на важење до 20.01.2022.

Според информацијата пијалакот не одговарал на прописите донесени од Европскиот парламент Совет.

Ризикот од присуството на етилен оксид во производот е оценет како сериозен.

Пијалокот е произведен во загрепската фабрика Јамика плус ДОО, а земја на потекло е Словенија.

Овој пијалак може да се најде и во продавниците во нашата земја, но засега е непознато дали ги има и пакувањата кои имаат рок на употреба до 13 односно 20 јануари следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.