Хрватскиот туристички сектор ја разгледува можноста да достави тужба против Холандија поради одлуката на Холанѓаните да ја стават Хрватска на листата на високо ризични земји. По таквата одлука, повеќето Холанѓани го прекинаа одморот во Хрватска, имаше и огромен број откажувања на резервациите, што доведе до големи загуби во туризмот.

Проценките на хрватските туристички работници се дека поради таквата одлука туризмот во земјата претрпел загуба од неколку десетици милиони евра.  За туристичкиот сектор, оваа одлука на Холандија е дискриминаторска и нетранспарентна. Затоа се разгледуваат законските опции за заштита од ваква одлука на Холандија.

Хрватските европратеници се разочарани од слабиот ангажман на хрватската влада за ова прашање.

На 21 јули, Холандија ја вклучи Хрватска на списокот на земји во ризик поради пандемијата на корона вирусот. Во времето кога се случи ова, во Хрватска имаше 25.000 холандски туристи.

Фактот дека една туристичка компанија од Истра загубила 200.000 евра за само едно попладне зборува за последиците за хрватскиот туризам. Во моментов има осум илјади Холанѓани во Хрватска, што се смета за симболичен број.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.