Хрватска од денеска почнува да издава ткн. ковид пасоши.

Одлуката за започнување со издавање на дигитални сертификати, попознати во јавноста како ковид – пасоши, Владата ја донесе вчера.

Документот овозможува олеснето движење на граѓаните при преминување на граничните премини на Хрватска, но, исто така, и на граничните премини на земјите-членки на ЕУ со кои ќе бидат склучени билатерални договори.

Без оглед на верзијата, сертификатот содржи QR-код со основни информации и дигитален печат за да се обезбеди автентичност на сертификатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.