Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ и неговиот колега од Косово, Арменд Мехај, во Приштина потпишаа Меморандум за разбирање.
Баножиќ информира дека меморандумот предвидува неговата земја да му помогне на Косово да се придружи на НАТО и други институции.
Почнавме соработка и партнерството ќе послужи за продлабочување на соработката во различни области. Хрватска може да му понуди помош на Косово и да го поддржи членството на Косово во евроатлантските институции – изјави Банажиќ.
Хрватскиот министер најави и помош во обуката и едукацијата на припадниците на Косовските безбедносни сили (КБС).
Го поддржуваме процесот на трансформација на КБС во оружени сили. Нудиме помош во областа на обуката и образованието. Сакаме да имаме понатамошна соработка и размена на знаења меѓу нашите сили – истакна хрватскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.