Во обид да ги заштити од вируси оние кои се напрвата линија на удар и во контакт со голем број луѓе, надлежните во Хрватска им поделија на граничарите заштитна опрема, но како што некои споделија на Твитер, средствата за дезинфекција се со поминат рок и тоа пет години.
Како што пренесе „Слободна Далмација“, првиот производ е „Асепсол еко“ на кој рокот на траење му бил до март 2017 година, а вториот е „Плива септ тинктура“ со рок на траење до август 2015 година.
Како што наведува медиумот, овие средства за дезинфекција официјално се сметаат за медицински отпад и треба, според дефиницијата од Министерството за здравство, да се постапува со нив како со токсични и опасни, па по истекот на рокот да се уништат според пропишана процедура.
Инаку, хрватските власти најавија дека е можно Владата да ги забрани сите поголеми собири во затворен простор.
Во Хрватска моментално има 12 луѓе заразени со Ковид-19.
Словенија веќе вчера ги забрани сите собири над 500 луѓе на затворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.