Хрватска и Босна и Херцеговина најверојатно ќе мора правдата да ја побараат на Меѓународен суд заради најавата за изградба на депонија за одлагање на радиоактивен отпад во местото викано Трговска гора на границата помеѓу двете земји, откако Хрватска одби да постигне договор по ова прашање.

Пратеникот во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Саша Магазиновиќ, во изјава за Ал Џезаира во понеделникот рече дека експертски тим од БиХ ќе даде мислење за штетноста на планираниот пункт за одложување нуклеарен отпад во близина на нејзината граница, како и дека оваа седмица се продолжува со активностите околу формирањето на правен тим кој треба да ги штити интересите на граѓаните на БиХ.

Според пишувањето на Вечерни лист, Хрватска започнува со реализација на проектот Центар за згриѓување на радиоактивен отпад во поранешната касарна Черкезовац во Трговска гора, каде ќе се складира радиоактивен отпад од Нуклеарната електрана Кршко.

Според Хрватска оваа локација е претвидена како долгогодишен склад за овој отпад. Тука би се складирале низок и среден радиоактивен отпад од Кршко, како и радиоактивен отпад произведен на територијата на Хрватска. Според меѓународен договор со Словенија, Хрватска својот дел од отпадот од Кршко мора да го преземе до 2023 година.

Градењето на центарот предизвика бура реакции во јавноста, па така и со случајот во Трговска гора каде постои голем отпор од локалното население кон овој проект. Хрватска тврди дека овој отпад пред неговото складирање во Трговска гора ќе биде подложен на обработка во некој од европските центри за обработка на радиоактивен отпад, а потоа на пунктот за одлагање ќе биде вратен во бетонски саркофази, кој како таков е безбеден за одложување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.