Од денеска па во наредните шест месеци, Хрватска ќе претседава со Советот на Европската Унија.

,,Силна Европа во светот со многу предизвици“, е слоганот што го избра најновата земја членка на Унијата.

Почетокот на претседавање официјално ќе биде одбележан на 9 јануари, кога во Загреб ќе пристигнат членовите на Европската комисија на чело со претседателката, Урсула фон дер Лајен, пренесува ХИНА.

Шестмесечното претседавање се темели на 4 приоритети и тоа:Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.

Најважен настан за време на хрватското претседавање ќе биде неформалниот состанок на лидерите од земјите на Западен Балкани ввот на ЕУ на 7 мај во Загреб.

Тогаш ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.