Хрватскиот Сабор денеска донесе закон за одложување на потписот на населението од пролетва за на есен.

Владата одлучила да го одложи пописот поради епидемиолошката состојба со ковид-19, а планот е пописот да се спроведе во две фази, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза, ќе се спроведе независен попис на населението преку електронскиот систем е-граѓани, а во втората ќе се направи на терен со попишувачи, преку лично интервју со населението.

Во случај, поради посебни околности, пописот да не може да се спроведе во утврдените рокови, Владата со посебна одлука ќе утврди нови рокови, објави хрватската агенција ХИНА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.