Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.776 нови случаи на инфекција со корона вирус, така што бројот на активни случаи во земјата денеска изнесува 14.031 случај.
Ова е најголем број на заразени лица регистрирани од Хрватска за еден ден од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше пријавен на 25 октомври и изнесуваше 2.421.
Меѓу нив, 985 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 71 се на апарати за дишење. Починаа 18 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 43.775 лица заразени со новиот вирус на корона, од кои 511 починаа, вкупно 29.233 лица се опоравија, од кои 1.463 во последните 24 часа.
До денес се тестирани вкупно 475.994 лица, од кои 9.679 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.