Министерот за здравство Вили Берош денеска соопшти дека новата цена на ПЦР тестовите во Хрватска ќе биде околу 600 (79 евра) наместо претходните 1.506 куни (200 евра).

Берош на прес-конференција рече дека новите цени може да се применат од денеска.

Тој појасни дека сите оние кои сакаат да бидат тестирани приватно ќе ја платат новата цена од „501,49 за две целни секвенци и 698,21 за три секвенци“.

На прашањето која е разликата помеѓу двата теста, директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак рече дека тоа е тешко да се објасни.

Потребни се најмалку две секвенци за да се дијагностицира позитивен тест. Кога ќе се дијагностицира вториот антиген, тогаш сме сигурни дека тоа е коронавирус, а кога е дијагностициран третиот, тогаш сме уште посигурни, рече Чапак. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.