Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 11 нови случаи на заразени со корона вирусот, а починале осум луѓе.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 535. На болничко лекување има 282 пациенти, од кои 19 се на респиратор.

Од 25 февруари, кога беше забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, вкупно се заразени 359.184 луѓе, а починале 8.182 пациенти.

Заклучно со 20 јуни во земјата се искористени вкупно 2.359.472 дози од вакцините против Ковид-19. Од нив, 1.450.798 примиле прва доза, додека 908.674 се целосно вакцинирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.