Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 84 смртни случаи и 1.643 новозаразени со корона вирус.
Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи во Хрватска во моментот е 13.881, од кои 2.662 пациенти се во болница, а 280 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска со корона вирус се заразиле 203.962 лица, од кои 3.548 починале. Вкупно оздравеле 186.553 лица, од кои 3.001 во последните 24 часа.
Во моментот има 45.275 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 989.014 лица, од кои 6.164 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.