Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 561 нови случаи на корона вирус, а во истиот период починале 29 луѓе.
Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека бројот на активни случаи е 3.117, од кои 1.286 пациенти се во болница. Од нив 121 се на апарати за дишење.
Во самоизолација има 15.389 лица. Од почетокот на епидемијата се тестирани вкупно 1.180.851 луѓе, од кои 5.020 во последните 24 часа.
Вкупно во Хрватска има регистрирано 231.539 лица кои се заразиле со корона вирусот, од кои 4.972 починале.
Оздравеле 223.450 луѓе, од кои 588 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.