Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 715 нови случаи на корона вирус, а во истиот период починале 33 пациенти.

Како што објави Националниот штаб за цивилна заштита, бројот на активни случаи во Хрватска е 4.653. Меѓу нив, 1.855 пациенти се во болница, од кои 160 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 223.812 лица заразени со корона вирус, од кои 4.550 починале.

Вкупно оздравеле 214.609 луѓе, од кои 1.239 во последните 24 часа.

Тестирани се вкупно 1.107.887 лица, од кои 5.335 во последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.