Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.529 нови случаи на Ковид-19. Во истиот период починале 38 лица.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 14.942. Меѓу нив, 1.451 пациент е во болница, од кои 142 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно се заразени 68.776 лица, од кои 832 починале.

Во моментов има 28.122 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 564.686 лица, од кои 5.670 во последните 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.