Хрватска денеска пријавила 539 нови случаи на корона вирус, од последици предизвикани од ковид починале осум лица.
Според Штабот за цивилна заштита на Хрватска во мометов во земјата активни се 4431 случај на корона. Од нив 485 пациенти се на болничко лекување,а на респиратор се вклучени 52 лица.
Од почетокот на пандемијата заболени се 377 838 граѓани а од последици предизвикани од инфекцијата починале 8370 лица. Во последните 24 часа оздравеле 552 пациенти.
До 4 септември во Хрватска е вакцинирано 42, 9 проценти од населението, односно 51,5 од полнолетните граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.