Деновиве, илјадници Хрвати ја контактирале амбасадата на Русија во Загреб, со цел да дојдат до руската вакцина против ковид-19.
Секој ден, Руската амбасада одговара на десетици и десетици повици на хрватски граѓани кои очајно се обидуваат да дознаат како да дојдат до вакцината. Дел од нив прашуваат дали можат да дојдат и да се вакцинираат во Руската амбасада, а други, пак, дали може да отпатуваат во Русија за таму да ја примат вакцината „Спутник V“.
Секако дека би сакале да помогнеме, но ние не вакцинираме, ниту набавуваме вакцини. Амбасадата на Русија во Хрватска не смее да се занимава со набавка, испорака, дистрибуција и продажба на вакцини. Исто така, не е можно да се оди во Русија бидејќи во моментот тие таму ги вакцинираат само руските граѓани, велат од Амбасадата.
Доколку Хрватска побара, рускиот амбасадор, Андреј Нестеренко изјави дека Русија е подготвена да ги разгледа конкретните детали за испорака на „Спутник V“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.