Градските власти во Бјеловар и Пула се првите во Хрватска кои го пресликуваат примерот за помош на угостителите од главниот град на Литванија, Вилнус.

Имено, Вилнус, ќе претвори многу улици и отворени простори во барови, ресторани и кафулиња за да овозможи угостителската индустрија да се врати во колосек, додека луѓето можат да одржат социјално дистанцирање и да помогнат да се избегне ширењето.

Не измислив топла вода и нема да ја измислам. Каде и да видиме добри и иновативни идеи ќе ги примениме“, вели градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак.

Хрватската влада донесе одлука на 11 мај да се овозможи работа на кафулињата, рестораните и баровите, но само во бавчите и со придржување на мерките на заштита како што се задолжителна одалеченост помеѓу масите од два метри и ограничен број од двајца гости на масата.

Градоначалникот на Бјеловар, веќе одржал состанок со угостителите и разговарал за оваа иницијатива којашто би можела брзо да заживее. Секој угостител кој ќе побара проширување на терасата ќе мора да има документ за задоволување на минималните технички услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.