Ализ Хрустиќ (25) до смрт го претепал својот двегодишен син. Признал дека го тепал додека не починал, во станот во Милано и дека тоа го направил во момент на бес и под дејство на дрога.
Кога полицијата го пронашла телото на детето, тоа било цело во модрици, на главата имало видливи рани, а нозете му биле во завои.
Родителите повикале Итна помош во околу 5 часот утрината, бидејќи детето не можело да дише, но лекарите можеле само да констатираат смрт и да повикаат полиција. Хрустиќ избегал со двете ќерки, но полицијата набрзо го уапсила.
Мајката на момчето, 23-годишната Силвија Захировиќ има 5 деца и бремена е со 6-то.
Таа веднаш по доаѓањето на полицијата го обвинила сопругот за убиство на детето.
Не знам дали детето плачело, тој само кажа дека не може да спие и зема хашиш – рекла Силвија.
И соседите го опишуваат како насилник кој бил често под дејство на дрога и дека со денови конзумирал алкохол по ноќните барови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.