До 2021 година, во кругот на зградата на Хрватската радио и телевизија треба да се изгради мини гасна централа за снабдување на медиумот со електрична енергија, греење и ладење, јавија хрватски медиуми.
Станува збор за инвестиција од 17,5 милиони евра во постројка од трета генерација што треба да се изгради и со неа да управува компанија избрана на јавен конкурс.
ХРТ очекува дека со користењето и набавката на електрична енергија, топлина и ладење од објектот ќе заштеди околу десет проценти од годишната потрошувачка на енергија.
Конечната заштеда зависи од исходот од јавниот конкурс, според ХРТ, чиј јавен тендер за изградба и работење на електраната е отворен до 24 февруари годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.