Бојко Борисов е латиноамерикански диктатор во балканска верзија, оцени копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, во интервју за бугарскoто Дарик радио. Тој го посочи лидерот на ГЕРБ како најголем извор на нестабилност во Бугарија. Според Иванов, стратегијата на поранешниот премиер е „По мене потоп“, која тој ја опиша како крајно опасна за земјата.
„Постојат многу негативни сценарија по изборите на 11 јули. Но, едно од нив, ‘спасувањето на војникот Рајан’, корумпираниот играч Борисов, станува централна политичка приказна. И целата држава ќе зависи од неговиот опстанок“, изјави Иванов додавајќи дека е убеден дека поткупениот бугарски политичар споменат анонимно при објавувањето на американските санкции – е Борисов.
„ГЕРБ е во тешка изолација поради својата токсичност. Борисов лично е најголемиот фактор за политичка нестабилност во Бугарија, користејќи ја партијата ГЕРБ како заложник. Тој е латиноамерикански диктатор во балканска верзија“, повтори Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.