Нема да тргувам со територијата на Косово или да направам отстапки, рече косовскиот премиер Авдулах Хоти во интервју за емисијата „Балкан“ на ЕјБиСи Њуз.
Премиерот на Косово изјави дека, кога станува збор за дијалогот со Белград, тој нема да прифати решение што остава отворени прашања, пренесува Зери.
Тој повтори дека се стреми кон договор со Белград, кој ќе го реши проблемот еднаш засекогаш, односно да се финализира со меѓусебно признавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.