Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, денеска изјави дека меѓусебното признавање е единствената тема на секој состанок што го имал и ќе го има со претставниците на Србија.
Во објава на својот профил на Фејсбук, Хоти посочи дека само меѓусебното признавање ги нормализира односите меѓу Косово и Србија, како и дека тоа ќе ги смири Балканот и Европа.
На секоја средба што сум имал и ќе имам со претставниците на Србија, меѓусебното признавање е единствената тема. Сè што се дискутира со нив е во функција на постигнување договор за меѓусебно признавање, без да се загрозува територијалниот интегритет или унитарниот карактер на Косово, напиша Хоти.
Според него, Косово останува посветено на дијалогот, бидејќи е „европска земја со јасна евроатлантска ориентација“.
Со оглед на оваа целосна јасност на процесот, нема да се двоумам да се вклучам во дијалог, рече Хоти, повторувајќи го својот повик за политичките партии во Косово да пристапат во процесот.
Тој рече дека политичката конкуренција на Косово треба да биде демократска и да се заснова на Уставот на Косово и дека „може и треба да се развива и за други теми од политиката, економијата, образованието, здравството и други области“.
Претставниците на Косово и Србија ќе се состанат на 4 септември во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.