Премиерот на Косово Авдулах Хоти пристигна во Тирана на официјален состанок со највиоките лидери на Албанија и откри дека еден од предлозите до премиерот Еди Рама ќе биде дел од пристаништето во Драч да биде косовско пристаниште.

Хоти во четвртокот во емисијата „Мислење“ на ТВ Клан изјави дека со Рама ќе разговара за пристаништето во Драч, за кое и претходно се разговарало, како би служело како заедничко пристаниште за двете земји.

Меѓутоа, премиерот Хоти истакна дека сега има поинаква идеа и дека ќе побара дел од пристаништето Драч да служи само како косовско пристаниште, пренесува „Косово онлајн“.

Ќе му предложам на премиерот Рама потполно нов формат околу оваа точка. Ќе им предложам, ќе ги замолам, таа точка да биде пристаниште на Косово, каде робата ќе влегува и ќе се царини по косовска царина и ќе транзитира до Косово, изјави Хоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.