Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека договорот кој беше потпишан со Србија во Белата куќа, би требало да доведе до меѓусебно признавање.
И Србија и Косово се обврзаа на економска нормализација. Со фокусирање на создавање нови работни места и економски раст, двете земји успеаја да постигнат голем напредок – рекол Хоти, пренесува „Ројтерс“.
По потпишувањето на договорот, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјавил дека не станува збор за трилатерален договор, туку билатерален затоа што третата страна не е призната како субјект на меѓународното право.
Нема меѓусебно признавање, Србите може да воздивнат – рекол Вучиќ, објави „Б92“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.