Албанската јавност вечерва ја вознемири веста за грозоморен чин што се случил во селото Грецал кај Фиер.

Клодиан Чаламани (38), кој по приведувањето на распитот го признал, на бел ден го киднапирал осумгодшниот син на соседите, го однесол во својот дом каде го чувал неколку часа, по што, како што убиецот изјавил, го удрил со лопата по главата и го закопал во дворот, пренесува Ора њуз.

Мајката на детето била таа која го вклучила алармот откако детето не дошло од училште, од каде потврдиле дека тоа дента не ни дошло. Од снимки на безбедносните камери на некои објекти полицијата утврдила дека детето го возело велосипедот на соседот, по што тој го внесол во неговата куќа.

Медиумите наведуваат дека ова не е прв случај каде Чаламани се јавува како киднапер.

Во 2006 година тој заедно со неговиот пријател Флориан Васиу киднапирале и малтертирале малолетно девојче, исто така, од соседството. За среќа девојчето некако успеало да им побегне, наведуваат медиумите.

„Ора њуз“ уште додава дека тој сам живеел во куќата. Татко му и брат му биле во затвор во Грција, а мајка му била во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.