Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг до Специјалното државно обвинителство на Црна Гора доставил досиеја што се кои се однесуваат на повеќе од 15 осомничени за тешки кривични дела, за ТВЦГ потврдила портпаролката на судот, Хелена Еглестон.
За сексуално насилство се товарат голем број осомничени, чии имиња фигурираат во досиејата на хашката институција.
Во својот говор пред Советот за безбедност на ОН, обвинителот на механизмот Серж Брамерц потврди дека неговата канцеларија редовно добива поголем број барања за помош од домашното правосудство. Некои барања се посложени по обем и значење – изјави Еглестон.
Таа информира дека во врска со ова,Брамерц потврдил дека Специјалното државно обвинителство на Црна Гора испратило барање за помош до Обвинителството на механизмот, кое соодветно реагирало и подготвило истражно досие кое сега е предадено на Обвинителството во Црна Гора кое се однесува на „повеќе од 15 осомничени, од кои многумина се осомничени за тешки кривични дела сексуално насилство, вклучувајќи силување, сексуално ропство, присилна проституција и трговија со цел сексуална експлоатација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.