Поранешниот косовски претседател и еден од основачите и член на ОВК, Хашим Тачи денеска изјави дека не е виновен и не ги признава обвиненијата од Специјалното обвинителство во Хаг.

– Обвинението е без никаква основа и јас изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението, рече Тачи, изјаснувајќи се пред судија за претходната постапка во Хаг.

Тој ги негираше обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени помеѓу март 1998 и септември 1999 година.

Тачи одговара по 10 обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.