На претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска му е извршена хируршка интервенција на Клиниката за урологија при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, откако од пред три дена му се појавија проблеми поради камења во бубрег, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кабинетот на Тачи соопшти дека тој е опериран попладнево, дека операцијата била успешна и моментално е под надзор на лекарите во државната болница во Приштина.
На претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска му беше извршена ендоуролошка хируршка интервенција на Клиниката за урологија во Клиничко-универзитетската болничка служба на Косово. Операцијата беше успешна и претседателот е под постојан надзор на професионалниот лекарски персонал, се вели во соопштението на службата за информирање на Претседателот.
Во него се додава дека, по операцијата, Тачи им изразил благодарност за грижата и професионалниот однос на персоналот на Клиниката и на болничкиот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.