Хашим Тачи се наоѓа помеѓу најбогатите претседатели на Балканот. Во својата изјава за Агенцијата за борба против корупција, претседателот на Косово, Хашим Тачи, го пријави својот имот за 2019 година, која вклучува две куќи во вредност од 430.000. Една од куќите му е наследство од семејството, известува Лајми.нет.
Првата дама вози автомобил од 15.000 евра Ауди Q5
Ова поседува Косовскиот претседател:
Куќа од 450 квадрати, 350.000 евра.
Куќа од 250 квадрати, 80.000 евра.
НЛБ банка, сметка, 2.799 евра.
Банка Економика, сметка, 7.491 евра.
БКТ, сметка, 1081 евра.
БКТ штедна сметка, 13.500 евра.
Хашим Тачи е косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016).
Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.