Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги демантира наводите на дел од домашните медиуми за негов наводен судир со претседателот на Франција за време на самитот на лидерите од Западен Балкан во Берлин, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај денеска им изјави на новинарите дека на почетокот со Макрон разговарал на француски, а не верува дека „тие што седеа по ходници“ и кои ги пренеле информациите за наводен конфликт со францускиот претседател воопшто го разбираат тој јазик.

Видов неколку изјави. Зборуваат тие што седеа по ходниците. Тие воопшто не знаат што се случуваше. Јас прво разговарав на француски јазик со Макрон и не знам дали тие што седеа по ходниците воопшто разбираат француски. Тој е почитувана личност и поминавме многу подобро отколку што мислат некои. Исто и со канцеларката Ангела Меркел – изјави Харадинај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.