Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај упати критики до шефот на Движењето Самоопределување, Албин Курти поради најавите дека новата косовска влада ќе ја формира со малцинствата и Србите кои немаат изборна моќ.

Внатрешниот дијалог само со претставници на малцинствата и без никаква изборна моќ на Србите од централниот дел на Косово, не само што може да биде селективен, туку и лош сигнал за унитарниот карактер на државата – напиша Харадинај на Фејсбук.

Харадинај ја оценува како избрзана најавата на Самоопределување да учествува на изборите во Албанија.

Се плашам дека доколку не самите учесници на овие избори, тогаш другите ќе гледаат на тоа како трик и можност за обновување на старите сценарија за поделба. Тоа може да се смета за еден вид немоќ при соочување со неотуѓивата интеграција на северниот дел од земјата – нагласува Харадинај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.