Лидерот на Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај истакна дека косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека е покренато обвинение против лидерите на ОВК во Хаг.

Харадинај го критикуваше коалицискиот партнер, актуелниот премиер Авдулах Хоти, велејќи дека не треба да држи предавања за тоа дали да се меша во правдата, туку треба да ја „факторизира позицијата на Косово по неодамнешните настани“.

Во однос на прашањето за претседател на Косово, Харадинај повторно стави до знаење дека ако не се постигне единство во политичките партии по ова прашање, Косово ќе излезе на избори.

ДСК и ние пристапивме да преземаме одговорности во ова тешко време. Ако има разбирање од другите, не само од владејачките партнери, туку и од Самоопределување или ДПК, ако не, тогаш одиме на избори – порачува Харадинај, пренесува „Косово онлајн“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.