Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија „одредени кругови во Приштина и Брисел“ го претворија во дијалог за територии, но порача дека „Косово нема да даде ниту педа земја во замена за признавање“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на денешната комеморација по повод 29-годишнината од убиството на косовскиот политички емигрант во Белгија, Енвер Хадри, се осврна и на таксата од 100 отсто што неговата Влада ја воведе на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека токму таа такса „го попречува формализирањето на поделбата на Косово“.
Денес, 20 години по ослободувањето, кога влеговме во втората деценија од независноста, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија се пренасочи од одредени кругови во Приштина и Брисел, претворајќи се во дијалог за територии. Затоа денес ни треба примерот на нашиот херој Енвер Хадри, за да не ни се повтори историјата, изјави Харадинај.
Енвер Хадри беше политички активист во дијаспората, кој се залагаше за решавање на косовското прашање со отцепување од тогашна Југославија и припојување кон Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.