Косовската влада ќе ги укине таксите од 100 % за српските производи откако ќе добие меѓународни гаранции дека финалниот договор меѓу Белград и Приштина ќе подразбира взаемно признавање, изјавил денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Иако Советот за за национална безбедност и Стејт департментот ја повикаа владата во Приштина веднаш да ги укине мерките или ќе биде санкционирана, харадинај како што известуваат српските медиуми на неговиот Фејсбук профил напишал дека се до добивањето на бараните гаранции мерките остануваат во сила.
Интензивно работиме на конечен договор, а направивме и нацрт на договорот. Ние го направивме сето тоа за кога ќе седнеме да преговарамесо претставниците на Србија имаме солидна основа и аргументи, вели Харадинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.