Кабинетот на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај потврди дека неговиот лет за Хаг, преку Виена, е одложен за неколку часа, пренесе приштински „Експрес“.
Летот е одложен поради доцнење на авионот на „Аустриан ерлајнс“.
Како што претходно беше најавено, Харадинај во Хаг ќе патува преку Виена.
Харадинај на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека во Хаг патува како обичен граѓанин, но, сепак, на аеродромот пристигна со придружба и ротација.
Харадинај синоќа во интервју за приштинската телевизија „Т7“ потврди дека денеска ќе замине за Хаг, каде во специјалниот суд ќе биде сослушан како осомничен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.